Тимот на Тиквеш од Кавадарци со победа ги стартуваше пријателските натпревари пред стартот на новата сезона во Суперлигата.
Кавадарчани во салата „Јасмин“ славеа против составот на Куманово со девет гола разлика, 35-26.
Тиквеш ќе одигра контролни средби и против Прилеп, Вардар Неготино и Вучитрн од Косово, а потоа ќе биде дел и од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.
Кавадарчани ќе бидат дел од групата Б во Суперлигата и ќе играат против Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер, Јуниор КВ, Скопје, Радовиш, Голден Арт и Пролет.