Екипата на Охрид во Маврово ќе ги продолжи подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која ќе влезе со амбиции да избори излез на европска сцена.
По одработената прва фаза од подготовките, која се одвиваше во СЦ „Билјанини Извори“, денес ракометарите на Охрид заминаа на базични подготовки во Маврово.
Ракометарите на Охрид во Маврово ќе престојуваат шест дена и до стартот на новата сезона ќе се подготвуваат на физичко и технички-тактички план. Со цел проверување на формата на сите ракометари и воигрување на екипата, Охрид на 13 и 16 август ќе одигра пријателски натпревар против вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Охрид во новата сезона во Суперлигата ќе игра во групата А заедно со екипите на Вардар, Вардар Неготино, Куманово, Бутел, Струга, Прилеп и Алкалоид.