Во деновите што следуваат тимот на 24Ракомет ќе почне со одборјување до почетокот на јубилејното 50. издание, на најпознатиот македонски ракометен турнир што се одржува во Струга. Секојдневно преку различни текстови ќе ви ги претставиме сите екипи учесници, нивните очекувања, историјатот на турнирот, интересни детали за турнирот...Се гледаме во Струга!
Ова лето на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе продолжи традицијата започната во 1973 година кога се одржал првиот Струшки турнир.
На 50. јубилејно издание ќе играат осум екипи – пет домашни (Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Струга, Алкалоид) и три странски (АЕК Атина, Целје, Татран Прешов). Четири од овие учесници досега го освојувале трофејот покрај езерото.
Најтрофеен е Вардар, кој ќе го брани трофејот освоен лани, а досега има вкупно 13. Втор на листата е битолски Еурофарм Пелистер со 12 трофеи, додека третото место го делат Металопластика Шабац од Србија и Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина.
Од македонските екипи покрај водечките Вардар и Еурофарм Пелистер, турнирот во Струга го освојувале уште и Металург, ТК Бренд и ВВ Тиквеш. 14 различни екипи од осум земји досега победуваме во Струга.
ДОСЕГАШНИ ОСВОЈУВАЧИ НА СТРУШКИОТ ТУРНИР:
13 – ВАРДАР
12 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
4 – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА), БОРАЦ БАЊА ЛУКА (БИХ)
3 – МЕТАЛУРГ, ТК БРЕНД
2 – ЖЕЛЕЗНИЧАР (СРБИЈА), ШАРТ (ФРАНЦИЈА)
1 – СЕСОН РЕН (ФРАНЦИЈА), АСКИ АНКАРА (ТУРЦИЈА), ПРИШТИНА (КОСОВО), ВВ ТИКВЕШ, ЦЕЛЈЕ (СЛОВЕНИЈА), АЕК АТИНА (ГРЦИЈА)
Повеќе детали за турнирот во Струга, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… можете да најдете во делот за СТРУГА 2022 на www.24rakomet.mk во главното мени на страната.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.