Во деновите што следуваат тимот на 24Ракомет ќе почне со одборјување до почетокот на јубилејното 50. издание, на најпознатиот македонски ракометен турнир што се одржува во Струга. Секојдневно преку различни текстови ќе ви ги претставиме сите екипи учесници, нивните очекувања, историјатот на турнирот, интересни детали за турнирот...Се гледаме во Струга!
Еден од странските тимови што се закитиле со трофеј на Струшкиот турнир е токму АЕК Атина. Овој тим славеше со 27-23 против Еурофарм Пелистер во финалниот натпревар од 2019 година на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа. Ова година вицепрвакот на Грција ќе биде во групата со словачкиот Татран Прешов, домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер.
Грчкиот тим минатата сезона имаше добри настапи во Лигата на Европа, но не успеа да се пласира во осминафиналето. Згора на се ја загуби шампионската титула од Олимпијакос, а не го освои ниту Купот, па имаше голема реконструкција на ростерот. Заминаа тренерот Димитрос Димитрулас, како и Кристијан Угалде, Никола Стевановиќ, Горан Анѓелиќ, Олександр Шевелев, Игнасио Плаза Хименес…
Нов тренер на АЕК е грчката ленегда Алексис Алванос, а тимот од Атина донесе квалитетни засилувања. Меѓу нив е левиот бек Стипе Мандалиниќ од Еурофарм Пелистер, голманите Игор Арсиќ и Иван Мацкевич, а дојдоа и пивотите Лукаш Рогулски и Николаос Лиапис. Од Партизан во Атина дојде и десното крило Немања Живковиќ, а од францускиот Шербур, пристигна левото крило Максимилијан Тике…
Тренерот Алванос вели дека турнирот во Струга ќе биде одлична шанса за натпревари на еден од најсилните турнири во Европа,
„Имаме убави сеќавања од 48.издание на Струшкиот турнир, кога го освоивме трофејот. Со големо задоволство ја прифативме поканата на организаторот и едвај чекаме да дојдеме во Струга, да се сретнеме со нашите пријатели и да играме на турнирот што е меѓу најсилните во Европа“, вели Алванос.
Капитенот Панајотис Николаидис исто така ја пренесува порака дека тој и соиграчите едвај ги чекаат натпреварите на отвореното игралиште во Струга.
„Сите играчи веќе се возбудени што ќе играат против Еурофарм Пелистер и Татран Прешов, исто така и против Струга. Ова ќе биде тешка група и мислам дека сите фанови ќе уживаат на натпреварите на турнирот“, вели Николаидис.
клучни играчи: Стипе Мандалиниќ, Панајотис Николаидис, Игор Арсиќ
натпревари на АЕК Атина на турнирот во Струга
Татран Прешов (17 август),
Струга (18 август),
Еурофарм Пелистер (19 август)
состав на АЕК Атина:
Иван Мацкевич, Игор Арсиќ, Теодорос Каламатас, Патрик Лемос, Игнасио Моја, Лукаш Рогулски, Максимилијан Тике, Панајотис Николаидис, Стипе Мандалиниќ, Никола Јукиќ, Евенгалос Арампацис, Анастасиос Пападионисиу, Кристос Кедерис, Јоанис Каломоирос, Константинос Коционис, Немања Живковиќ, Николаос Лиапис, Георгиос Маркататос.
Повеќе детали за турнирот во Струга, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… можете да најдете во делот за СТРУГА 2022 на www.24rakomet.mk во главното мени на страната.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.