ОФИЦИЈАЛНО: Куманово го промовираше Мрвовиќ

Како што најави 24Ракомет, прво засилување во повратникот во Суперлигата, Куманово, е ракометарот од Србија, Вучко Мрвовиќ.

Раководството на клубот ја потврди соработката со младиот српски ракометар и не е исклучена можноста во екипата да пристигне уште едно засилување од странство.

21-годишниот ракометар, кој во својата кариера има интернационално искуство од настапите за грчкиот суперлигаш Филипос Верија, беше член на кадетската и младинска репрезентација на Србија.

Мрвовиќ во својата татковина го носеше дресот и на екипите на Рудар Костолац, Раднички Крагујевац, Спартак Војпут и Суботица.

Куманово во Суперлигата ќе игра во групата А заедно со екипите на Струга, Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Прилеп, Алкалоид и Вардар Неготино.

Српски репрезентативец го засили Куманово!