Женската кадетска репрезентација на Македонија на дуелот со Узбекистан славеше со 39-30 и обезбеди место во главната рунда на Мундијалот.
Меѓу присутните на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ беше и македонската легенда Кире Лазаров, кој ги поддржа кадетките.
Лазаров ги започна подготовките со Алкалоид, кој ќе го води во наредната сезона во суперлигашкото друштво.
Македонија во третото коло од Светското првенство ќе се соочи со Иран на 2 август од 20:30 часот, а со победа ќе пренесе два бода во главната рунда.
Македонија го реши Узбекистан и обезбеди главна рунда на СП!
Савевски не е задоволен од пристапот: Ваква игра не смее да се повтори!
Ризоска „испорача“ осум гола во мрежата на Узбекистан и стана МВП!