Тимот на Куманово по долго време се избори за камбек во македонското суперлигашко друштво, па сега покрај женски, кумановци ќе може да гледаат и машки елитен ракомет.
Под водство на тренерот Љубиша Димковски, ракометарите на Куманово веќе ги започнаа тренинзите пред стартот на новата сезона.
Сите ракометари од минатата сезона, со исклучок на средниот бек Мартин Димовски кој се врати во Македонија Ѓорче Петров, ќе продолжат да го носат дресот на Куманово и во новата сезона.
Од Куманово најавуваат четири-пет засилувања за што подобро претставување на натпреварите во новата сезона, од кои дел ќе бидат од странство. До крајот на август кумановци ќе одиграат и неколку пријателски натпревари.
Куманово ќе игра во групата А од Суперлигата заедно со актуелниот првак Вардар, Вардар Неготино, Бутел Скопје, Охрид, Струга, Прилеп и Алкалоид.