Шпанскиот стратег Хуан Карлос ја продолжи соработката со унгарскиот шампион ПИК Сегед за уште една сезона.
Актуелниот договор на Пастор беше до 2023 година, но откако тимот освои нова титула по финалната серија со Веспрем, раководството реши да ја продолжи соработката до 2024 година.
Пастор во ПИК Сегед е од 2013 година, заедно со асистентот Марко Кривокапиќ, и доколку го одработи новиот договор ќе комплетира 11 сезони.
Иако тимот се уште ја нема остварено целта – пласман на Ф4 во Лигата на шампионите, сепак раководството на ПИК Сегед е трпеливо и верува во Пастор.
Во неговата ера ПИК Сегед освои три тиули во Унгарија, еден Куп трофеј и еден трофеј во ЕХФ Купот.