Данскиот ракометар Јеспер Нодесбо привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако објави фотографии во женски костим за капење.
Тој подоцна откри дека сакаше само да се пошегува, но доби и позитивни и негативни коментари од тамошната јавност.
„Се надевам дека и вие уживавте во одморот“, напиша Нодесбо.
Ласло Наѓ, Никола Карабатиќ, Едуардо Гурбиндо…му порачаа дека изгледа „секси“.
Нодесбо во моментов е дел од составот на Бјерингбро Силкеборг, а претходно цела деценија го носеше дресот на каталонскиот гигант Барселона.
Има настапувано и за Колдинг и Холстебро, а во дресот на данската репрезентација постигна 450 гола на 223 настапи.