Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе заминат на еднонеделни подготовки во Маврово.
Пелистерци под водство на новиот тренер Ларс Валтер таму ќе останат до 2 август, а Данецот ќе има можност да се увери во квалитетите на сите ракометари.
Со првиот тим покрај Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски, ќе тренираат Павле Петровиќ и Емилијан Ѓорговски, пред Валтер да одлучи да ќе се преселат во екипата.
По враќањето од Маврово првиот и вториот тим ќе одиграат пријателски натпревар, а потоа првиот тим го очекува настап на Струшкиот турнир.
По Струшкиот турнир пак следуваат и четвртфиналниот дуел со Мешков Брест во СЕХА лигата, како и мечот од Супер Купот против Вардар.