По Вуко Борозан, Рожерио Мораес и Данил Шишкарев, кои заминаа во текот на минатата сезона, уште тројца некогашни членови на Вардар, заминаа ова лето од унгарскиот Веспрем.
По левото крило Дејан Манасков и десниот бек Хорхе Македа, замина и кондицискиот тренер Марија Лојаница.
Србинката беше дел од унгарскиот гигант три сезони, а нејзината следна дестинација не е позната. Нејзина замена ќе биде српскиот кондициски тренер Срѓан Жиројевиќ, кој доаѓа од фудбалскиот тим на Слован Братислава.
Физиотерапевтот Димитар Маневски ќе продолжи да биде дел од Веспрем, а тука е и тренерот на голманите Арпад Штербик. Тие двајца беа дел од генерацијата на Вардар што стигна до европска титула во 2017 година.