Селекцијата на Португалија обезбеди пласман во финалето на младинското Европско првенство на кое е организатор, откако во полуфиналниот трилер натпревар славеше против Шведска со 25-24.
Стрелец на решавачкиот погодок беше Франциско Кико Коста, кој погоди од пенал на четири секунди до крајот на натпреварот.
Ривал на Португалија во финалето ќе биде селекцијата на Шпанија, која славеше против Србија со 32-29.
Фарски Острови ја комплетираа сензацијата на ова ЕП, откако во разигрувањето за пласман од 9 до 12 место, славеше над Италија со 30-28. Човек на одлука беше десното крило Хакун Вест Ав Теигум, кој даде 11 гола.
Со овој триумф Фарски Острови е најмалку десетто место, што значи и пласман на Светското првенство во Германија и Грција следната година.