Раководството на унгарски Орошази преку социјалните мрежи ја информираше тамошната јавност дека поради недостиг на финансиски средства, клубот заминува во ракометната историја.
Екипата на Орошази во минатата сезона во второлигашката конкуренција заврши на 5. позиција и имаше амбиции да се врати во најквалитетното унгарско првенство, но финансиите си го направија своето, па така клубот повеќе нема да постои на ракометната мапа.
Најголемиот успех на Орошази беше постигнат во сезона 2002/03 кога беше освоено третото место, односно бронзениот медал во Купот на Унгарија. Клубот неколку сезони учествуваше и во унгарската елита.
Орошази во сезона 2014/15 беше дел од ЕХФ Купот, во кој успеа да оствари солиден успех. Своевремено, дресот на Орошази го носеше и македонскиот репрезентативец, Никола Маркоски. Македонецот во унгарскиот клуб настапуваше две сезони, 2016/17 и 2017/18.