Судиската двојка од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари, добија уште една важна задача на Европското првенство за младинци.
Во Португалија, Металари и Николовски, ќе го судат натпреварот меѓу европскиот првак Германија и Шведска.
Дополнителна тежина на овој натпревар му дава фактот што победникот ќе обезбеди место во полуфиналето. Мечот стартува од 20:30 часот.
Претходно на натпреварот меѓу Шпанија и Данска кој стартува од 18:00 часот и одлучува исто така за полуфинален патник, делегатот исто така доаѓа од Македонија, Драган Начевски.