Тимот на Бутел Скопје е осмиот учесник на јубилејното 50.издание на Струшкиот турнир што ќе се одржи од 16 до 20 август.
Претходно беа потврдени учествата на уште четири македонски екипи, како и три екипи од странство.
На отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе играат АЕК Атина од јужниот сосед, словенечкиот шампион Целје и словачкиот првак Татран Прешов.
Од Македонија, покрај домаќинот Струга и Бутел Скопје, ќе играат уште Вардар, Еурофарм Пелистер и новиот суперлигаш Алкалоид.