Браќата Њокаси дебитираа за Конго!

Близнаците Оливие и Кевин Њокас го одиграа првиот официјален натпревар за селекцијата на Демократска Република Конго на Африканското првенство.

Тие уште во март беа на собир со националниот тим и ги договорија деталите, а сега веќе и дебитираа за репрезентацијата.

На натпревар од првото коло против Сенегал, кој Конго го доби со пресврт во вториот дел со 31-26, двајцата браќа постигнаа по три гола.

Тие имаат потекло од Конго, но настапуваа за селекцијата на Франција. Откако таму веќе немаа настапи подолго време, решија да ја прифатат понудата на африканската селекција.

Близнаците лани дојдоа во Македонија, беа дел од Металург и Вардар, а летово го напуштија „црвено-црниот“ тим.

Одиграа два турнири за Ал Наџма од Бахреин. Оливие следната сезона ќе ја одигра во шампионот на јужниот сосед, Олимпијакос, додека за Кевин не е позната новата средина.