Денеска стартуваше Африканското првенство во Каиро, главниот град на Египет, но со една репрезентација помалку од предвиденото.
Селекцијата на Кенија, која и онака беше аутсајдер, во последен момент реши да се откаже од учество, па сега има три групи со по три селекции и една со четири.
Најдобрите пет селекции од овој шампионат, кој три пати беше одложуван, ќе обезбедат место на Мундијалот во Полска и Шведска.
Македонија исто така има свои претставници на Африканското првенство, а тоа е судиската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Африканско првенство, Египет:
група А: Египет, Мароко, Камерун
група Б: Алжир, Гвинеја, Габон
група Ц: Тунис, Нигерија, Зеленортски Острови
група Д: Ангола, Сенегал, Конго, Замбија