Српскиот интернационалец, Лазар Петровиќ, кој во својата кариера настапуваше за Охрид, се наоѓа пред камбек во македонската елита.
За младиот десен бек интерес има од екипата на Тиквеш од Кавадарци, која полека го комплетира тимот за новата сезона.
Петровиќ е желба на челниците на клубот од Кавадарци за следната сезона и најверојатно ракометарот од Србија ќе ја пополни десната бековска позиција во составот на Тиквеш.
Српскиот интернационалец ќе биде замена за Дејан Гошевски кој се пресели во екипата на Голден Арт.
Потенцијалното засилување на Тиквеш во минатата сезона настапуваше за Црвена Цвезда. Претходно го носеше дресот на шведски Варберг каде што мина две сезони.