Шампионот на Украина во женска конкуренција, Галичанка Лвов, би можел од следната сезона да игра во полскит шампионат.
По Мотор Запорожје, кој ќе игра во Диселдорф во Втората Бундес лига, сега и женскиот првак добива слична шанса.
Раководството на женската лига во Полска реши да ја прошири најквалитетната конкуреција од осум на десет екипи, па упати покани до Рух Хорзов и до Галичанка.
Хорзов го загуби прволигашкиот статус, но може веднаш да се врати во елитата, додека тимот од Лвов, би можел за првпат да игра во странски шампионат.