Репрезентацијата на Македонија ги доби противниците на Светското првенство во 2023 година кое ќе се игра во Полска и Шведска. Ждрепката сакаше нашата селекција за противници да ги добие Норвешка, Холандија и Аргентина.
Според извлечената ждрепка, Македонија ќе игра во Полска, поточно во градот Краков во фантастичната мултифункционалната арена, Таурон Арена Краков која е позната по големиот број настани кои се одржуваат во неа.
Капацитетот на арената е 15.030 седишта за спортски настани, додека за концерти може да достигне и до 22.000 гледачи. Оваа арена е позната на македонската репрезентација.
На Европското првенство во 2016 година Македонија играше во истата сала кога беше во група со Франција, Полска и Србија. Тогаш со два порази и нерешено против Србија нашата репрезентација обезбеди пласман во следната рунда.
Според првичниот распоред Мундијалот за Македонија ќе започне на 13 јануари против Норвешка, додека последниот меч од првата фаза треба да биде на 17 јануари против Аргентина.