Денеска во Варна (Бугарија) стартуваше првиот ЕХФ шампионат за ракометари до 20 години.
Македонската младинска селекција ќе биде дел од истото вакво натпреварување кое ќе стартува на 16 јули и ќе се игра до 24 јули.
На првите одиграни натпревари победа остварија репрезентациите на Холандија, Грузија, Летонија и Чешка.
Шампионите од ова натпреварување ќе обезбедат место на Светското првенство за младинци во Хрватска следната година.
ЕХФ шампионат 1, прво коло, резултати
Група А
Чешка – Финска 31:19 (13:10)
Летонија – Бугарија 32:26 (19:11)
Група Б
Турција – Грузија 28:35 (14:16)
Холандија – Словачка 32:31 (14:17)