Данскиот вицешампион Алборг, кој преку вајлд-карта обезбеди учество во Лигата на шампионите за следната сезона, во изминатиот период најави дека ќе го проширува капацитетот на сопствената арена „Гигантиум“.
Сепак, поради зголемувањето на цените и глобалната ситуација, раководството на клубот мораше да го одложи проширувањето на капацитетот на салата од 5.000 на 10.000 гледачи.
Глобалната светска криза не успеа да го поремети планот на раководството на клубот на играчки план, па така беа донесени неколку звучни засилувања за следната сезона.
Дресот на Алборг од наредната сезона ќе го облечат Микел Хансен, Андреас Флодман, Мадс Хоксер и Кристијан Термансен.