Аргентинскиот репрезентативен голман кој досега беше дел од европскиот првак Барселона, Лео Масиел, ќе има нов предизвик во кариерата. Тој се сели во Португалија и ќе игра за тамошниот вицепрвак Спортинг Лисабон.
Бундеслигашот Хамбург го објави трансферот на хрватскиот голман Иван Будалиќ. Со Будалиќ, кој досега го бранеше голот на францускиот Лимож, потпишан е договор на една сезона.
Официјалниот сајт на Рокаса објави за продолжувањето на соработката со шпанската легендарна голманка Силвија Наваро. Иако има 43 години, Наваро не размислува за крај и најмалку уште една сезона ќе брани за екипата од Гран Канарија.
Рускиот тим Донски Козаци објави за разделбата со девет ракометари од минатата сезона, како и со тренерот Сергеј Бебешко. Иако имаа голмеи амбиции, сепак тимот од Уфа не успеа да се бори со ЦСКА и Чеховси Медведи.
Словенечкиот вицепрвак Тримо Требње објави за продолжување на соработката со хрватското десно крило Филип Главаш. Хрватот, кој има 25 години, ќе остане уште најмалку една сезона во Требње.
Полскиот пивот Матеуш Пиечовски, кој претходно настапуваше за Висла Плоцк, Адемар Леон и Виктор Ставропол, во новата сезона ќе има нов предизвик, откако потпиша договор со германскиот Емсдетен.
Несудениот ракометар на Бутел Скопје, Фарук Јусуф, ќе оди на позајмица. Келце ќе го испрати нигерискиот десен бек во шпанската екипа Пуенте Хенил, за која пред два дена потпиша и грузискиот пивот Ерекле Арсенашвили.