Вардар нема да игра следната сезона во Лигата на шампионите, а тоа е причината што шпанскиот стратег Давид Дејвис ќе замине од клубот.
Негов наследник ќе биде досегашниот асистент тренер Владо Недановски, кој работеше претходно и со Алушевски и со Вујовиќ на вардаровата клупа.
„Имавме договор со Дејвис тој да остане на чело на екипата, но тоа беше додека требаше да бидеме дел од Лигата на Шампионите. Се видовме повторно во Келн, тој веќе ја знаеше одлуката на ЕХФ и јасно беше дека сака да си замине. Јас во главата веќе имам адекватна замена, тоа е Владо Недановски, млад стратег што знае како да го води Вардар, што соработуваше со сите тренери во изминатите години и поседува квалитет за да ја води екипата. Ако Дејвис во меѓувреме се премисли или не најде клуб, може да се јави да се договориме за да се врати назад во Вардар“, изјави Михајловски.