По исклучувањето од Лигата на шампионите, македонскиот првак Вардар ќе игра во домашното првенство и Куп, како и во регионалната СЕХА лига.
Претседателот Михајловски најави дека сите ракометари од ланскиот состав ќе останат, но треба да се разговара дополнително уште со голманот Мартин Томовски и левото крило Тимур Дибиров, кои не се во моментов во Македонија.
„Вардар ќе игра во домашно првенство и во СЕХА лига. Сакам да им се зблагодарам на играчите, сите имаа договори, сите можеа да кажат дека сакаат да си одат. Целата екипа освен тие странци што беа најавени, со Томовски и Дибиров останува да зборувам лично, бидејќи тие се на одмор“, вели Михајловски.
Тоа значи дека Жилберто Дуарте, Божо Анѓелиќ, Павел Андреев и Нејц Цехте нема да го облечат „црвено-црниот“ дрес, барем не оваа сезона.