Поранешниот ракометар на Радовиш, Александар Вујниќ, кој една полусезона настапуваше во Македонија, реши да го напушти хрватски Метковиќ и повторно стана мета на неколку македонски суперлигаши.
Левиот бек од Србија во Метковиќ пристигна во пролетниот дел од минатата сезона, откако ја напушти екипата на Радовиш.
Вујниќ беше еден од најзаслужните за камбекот на Метковиќ во најквалитетното натпреварување во Хрватска, понудено му беше нов договор по истекот на краткорочниот, но сепак, младиот ракометар не најде заеднички јазик со раководството на клубот.
За Вујниќ голем интерес покажаа неколку суперлигашки екипи од Македонија, кои го посакуваат во своите редови за следната сезона. Српскиот ракометар нема одлучено кој клуб ќе биде неговиот нов предизвик бидејќи на негова адреса сѐ уште пристигнуваат понуди.
Во својата кариера, Вујниќ настапуваше и за екипите на Црвенка, Пожаревац, Војводина, Југовиќ, Слобода Тузла, Какањ…Со екипата на Војводина во сезона 2017/18 настапуваше во ЕХФ Купот.