Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски од нареднатта сезона се враќа во татковината и ќе ги брани боите на Еурофарм Пелистер.
Кружниот напаѓач во последните три сезони беше член на бундеслигашот Штутгарт и беше меѓу најважните алки во играта.
Штутгарт на социјалните мрежи му се заблагодари на придонесот на Македонецот и му посака среќа во новата средина.
Пешевски за Штутгарт во Бундес лигата одигра 105 натпревари во сите конкуренции и постигна 241 погодок.