Македонската легенда Филип Миркуловски минатиот викенд го одигра последниот натпревар во кариерата.
Вецлар на тој двобој славеше против Минден, а по завршувањето имаше мала церемонија за Миркуловски.
Бундеслигашот уште еднаш го поздрави заминувањето на Миркуловски во играчка пензија, овојпат на македонски јазик.
Средниот бек сега преминува во тренери, и ќе му биде асистент на првиот тренер Бен Мачке од наредната сезона.