„Ланксес Арена“ и градот Келн ќе бидат домаќини на завршните турнири во Лигата на шампионите најмалку до 2026 година.
Европската куќа на ракометот потврди дека е потпишан нов договор со организаторите и нема да се менува домаќинот на најдобрите четири машки екипи уште четири сезони.
Актуелниот договор беше до 2024 година, но тој е продолжен за уште две сезони. Ф4 се одржува на истото место од 2010 година кога беше воведен во Лигата на шампионите.
По две години пандемија и речиси празни трибини во „Ланксес Арена“, се очекува околу 20.000 гледачи да бидат присутни овој викенд на четирите меча.