Данил Шишкарев замина од Чеховски Медведи, има нов клуб!

Рускиот репрезентативец и некогашен ракометар на Вардар, Данил Шишкарев, по една сезона замина од Чеховски Медведи.

Тој новата сезона ќе ги брани боите на рускиот вицепрвак ЦСКА Москва, каде ќе настапува заедно со уште еден екс вардарец, Павел Атман.

33-годишното десно крило минатата сезона стана првак со Чеховски Медведи и на 26 меча даде 95 погодоци.

Шишкарев потекнува од Зарија Каспија, а покрај за Вардар, настапуваше и за унгарскиот Веспрем една сезона.

Русинот во Вардар мина шест сезони и освои две титули во Лигата на шампионите.