Во рамки од 33. коло во Бундес лигата, двајцата репрезентативци на Македонија, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски имаа солидни партии со своите екипи.
Кружниот напаѓач, Жарко Пешевски, кој во следната сезона ќе игра во дресот на Еурофарм Пелистер, заедно со екипата на Штутгарт триумфираа против незгодниот состав на Хамбург со пет гола разлика, 27:32 (13:16).
Пешевски во натпреварот против Хамбург беше меѓу најефикасните во победничката екипа, постигна три погодоци од три обиди и одигра во стандардна форма во одбраната.
Штутгарт во последното коло ќе игра против Мелсунген и ќе има шанса пред своите навивачи со победа да ја заврши овогодинешната сезона во најсилната лига на светот.
Филип Кузмановски со Хановер на гостувањето кај Либек беа поразени со 21:20. Хановер на полувреме имаше три гола предност, 9:12, додека на три секунди пред крајот, домаќините постигнаа гол за победа, која што нема резултатско значење бидејќи во следната сезона ќе играат во втората Бундес лига.
Кузмановски запиша два погодоци и имаше неколку асистенции кон своите соиграчи. Хановер во последното коло од Бундес лигата на свој терен ќе го пречека Лајпциг.