Репрезентативецот на Црна Гора и екс ракометар на Вардар, Васко Шеваљевиќ, во следната сезона ќе има нов интернационален предизвик.
По една сезона мината во францускиот Саран Луаре, со кој играше во француската елита, искусниот лев бек во новата сезона ќе го носи дресот на амбициозниот тим од Израел, Хапоел Ришон.
Црногорецот во Вардар одигра една полусезона во 2021 година и успеа со „црвено-црните“ да ја освои домашната титула и Куп трофејот на Македонија.
Шеваљевиќ во својата кариера играше и за матичниот Ловќен, потоа Портланд Сан Антонио, белорускиот Динамо Минск, германскиот Хановер, како и француските Тулуз, Трембле, Истр и Саран Луаре.