Новиот суперлигаш Вардар Неготино по продолжувањето на договорите со дел од носителите на играта и решавањето на тренерското прашање, веќе го договори и првиот нов ракометар.
Станува збор за средниот бек Саше Михајловиќ, кој потекнува од Младост Богданци и со овој клуб играше и во Првата и во Суперлигата.
Претходно една сезона мина и во тимот на Работнички од Скопје. Тој ќе му се придружи на Ѓорѓи Орешков на средната бековска позиција во неготинскиот тим.
Претходно договорите ги продолжија Кузманов, Ташев, Пеовски и Орешков, а нов тренер на тимот ќе биде Владимир Глигоров, некогашен селектор на Македонија и тренер што поседува Мастер Коуч лиценца.