Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, имаше одлична партија во дресот на Хановер и со гол во последните секунди му донесе победа на неговиот тим против Ерланген, 28:27, во натпревар од 32. коло од Бундес лигата.
Кузмановски во дуелот против Ерланген постигна шест погодоци, а последниот гол го постигна во последните секунди за важна победа на својот тим. Репрезентативецот на Хрватска, Иван Мартиновиќ, исто така, беше стрелец на шест погодоци.
Хановер се бори за подобра позиција на табелата во најквалитетната лига во светот и има големи шанси сезоната да ја заврши меѓу најдобрите 12 екипи.
Во последните две кола, тимот на Кузмановски ќе игра против Либек, односно Лајпциг. Доколку обезбеди триумф на двата натпревари, тогаш ќе обезбеди место меѓу најдобрите 12 екипи во Бундес лигата.