Младинците на Бутел преку силниот Еурофарм Пелистер 2 до борба за трофеј!

Младинската екипа на Бутел обезбеди пласман во финалето од младинскиот Ф4, откако во полуфиналето против Еурофарм Пелистер 2 триумфираше со четири гола разлика, 28:24.

Избраниците на Дарко Јанев во најголемиот дел од натпреварот беа во водство, на полувреме водеа со четири гола разлика, 12:8, додека во вторите 30 минути, младите „фармацевти“ немаа доволно сила за камбек во дуелот.

Бутел во финалето од младинскиот Ф4 ќе игра против екипата на Алкалоид, која во полуфиналето против Прилеп оствари победа со 27:23 (17:11).

Натпреварите за прво и трето место ќе се одиграат утре во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел. Финалниот натпревар меѓу Бутел и Алкалоид е закажан за 20:00 часот. Дуелот за бронзениот медал меѓу екипите на Прилеп е Еурофарм Пелистер 2 ќе се одигра во терминот од 17:45 часот.