Хрватскиот стратег Жељко Бабиќ, кој две и пол сезони беше на клупата на Еурофарм Пелистер, ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој потпиша договор на една сезона со хрватскиот вицепрвак во женска конкуренција Подравка Вегета и ќе се обиде да ја врати титулата што оваа сезона ја освои Локомотива Загреб.
„Горд сум и радосен што станав тренер на Подравка. Пред нас е нова сезона, нови предизвици и време во кое со заедничка работа и соработка ќе настојуваме да биде подобри и поуспешни, а верувам дека можеме многу да направиме“, кратко искоментира Бабиќ.
Хрватот беше тренер на Загреб, Кршко, Горење Велење, Мешков Брест и Еурофарм Пелистер, а првпат во кариерата ќе води женска екипа.