Екипата на Бисинов од Велес ќе биде организатор на годинешниот Ф4 кај пионерите. Освен домашната екипа, на Ф4 турнирот ќе учествува и актуелниот бранител на титулата, Струга, како и екипата на Рисови и Тиквеш.
Ф4 турнирот ќе се организира само во еден ден, односно на 4 јуни, каде што ќе бидат одиграни сите четири натпревари. Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“ во Велес.
Во првиот полуфинален натпревар ќе се сретнат екипите на Бисинов и Тиквеш, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Рисови и Струга.
Пионери, полуфинални двојки:
04/06, 10:00 часот, Бисинов – Тиквеш
04/06, 12:00 часот, Рисови – Струга
04/06, 17:30 часот, натпревар за 3 место
04/06, 19:30 часот, финале