Тимот на Охрид продолжува со формирањето на ростерот за следната натпреварувачка сезона.
Најново засилување за составот на Горан Андоновски е левиот бек Тоше Ончев, кој по една сезона во словенечкиот Тримо Требње се враќа во татковината.
Тој претходно беше дел од Вардар Јуниор, Работнички и Вардар, а во странство играше и за француските Вернуј и Вернон, како и грчкиот Фаикас Корфу.
„Прво пред се голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучија за мене да ме доведат во своите редови. Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја. Се надевам на големи успеси и излез во европа за наредна сезона“, вели Ончев.
Во клубот се среќни што Ончев ја прифати понудат и во него гледаат лидер на теренот.
„Среќни сме што Тоше Ончев ќе го носи сино-белиот дрес. Потпишувањето на три годишниот договор е од големо значење за нас како клуб и тоа беше првиот потег на новата управа за развивање на успешен и конкурентен тим. Во Тоше Ончев го добивме точно тоа што ни беше потребно – лидер на теренот и надвор од него“, вели Славчо Ристески, спортскиот директор во клубот..
Претходно во Охрид дојде тренерот Горан Андоновски, а договорите ги продолжија Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов и Кристијан Димитриески.
Ончев се враќа во Македонија, Охрид фаворит за неговиот потпис!