Вардар со победата против Тиквеш во последното коло од плеј-офот во Супер лигата ја потврди двојната круна и домниацијата во македонскиот ракомет.
Голманското трио сезонава во Вардар го сочинуваа Борко Ристовски, Мартин Томовски и Васил Гогов, а после победата чуварите на мрежата на црвено-црните заедно прославија со пехарите во соблекувалната.
Најискусниот Ристовски со фотографија на социјалните мрежи имдаде поддршка, ги пофали помладите колеги и им посака уште поголеми успеси во кариерата со зборовите „нека небото биде лимит за вас“.