Eкипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Има натпревари од разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостига неизвесност, драма до самиот крај…
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 9. коло од плеј-оф/аут.
Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР 23-33
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 27-30
ТИКВЕШ – ОХРИД 28-22
ПРИЛЕП – СТРУГА 33-31
СКОПЈЕ – РАДОВИШ 24-29
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Славјан Паунов (Радовиш) – голманот на радовишани беше меѓу клучните фигури во гостинскиот триумф над Скопје.
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар) – рускиот интернационалец постигна седум погодоци во победата кај Бутел Скопје.
Лев бек: Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер) – хрватскиот лев бек беше најдобар на теренот во битката против вториот тим.
Среден бек: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – беше еден од лидерите на кавадаречкиот состав во триумфот над Охрид.
Десен бек: Хари Павлов (Прилеп) – десниот бек постигна седум гола во победата над стружани со која беше обезбедено второто место во плеј-аутот.
Десно крило: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – беше меѓу позабележителните играчи на братскиот двобој во Битола.
Пивот: Стојанче Стоилов (Вардар) – капитенот на „црвено-црните“ не играше многу, но имаше голем придонес во триумфот кај Бутел Скопје.