Екипата на Охрид, која за следната сезона планира поквалитетен тим, го ангажираше првото засилување во името на поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Виктор Василевски.
Младиот голман, кој има 21 година, во редовите на Охрид ќе пристигне од прволигашот Голден Арт, а во својата кариера има настапувано и за Металург.
Василевски со неговиот актуелен клуб обезбедија директен пласман во Супер лигата, а голема заслуга за камбекот на Голден Арт во елитата има и Василевски кој бранеше во солидна форма во прволигашките натпревари, особено во плеј-оф фазата.
Охрид за наредната сезона планира комплетна промена на екипата, односно целосен ремонт. Покрај Василевски, договорени се уште неколку засилувања што ќе бидат промовирани наскоро.
Тренерот Раде Стојановиќ заминува од тимот, а исто така и поголем дел од актуелниот играчки ростер.