Јан Чувара останува во Вардар и следната сезона

Репрезентативецот на Полска, Јан Чувара, кој настапува на позицијата лево крило, и во наредната сезона ќе го носи „црвено црниот дрес“.

Чувара и Тимур Дибиров ќе бидат играчите кои ќе ја сочинуваат левата крилна позиција во македонскиот шампион.

Полјакот во Вардар пристигна минатото лето и дадената шанса на терен максимално ја искористи. Во натпреварите од Лигата на шампионите постигна осум погодоци.

Екипата на Вардар за следната сезона се засили со средниот бек Божо Анѓелиќ, десниот бек Нејц Цехте, левиот бек Жилберто Дуарте и кружниот напаѓач, Павел Андреев.

Договорите со двократниот европски шампион ги продолжија и Борко Ристовски, Тимур Дибиров, Марко Мишевски и Куни Моралес.