Тимот на Гевгелија славеше на гостувањето во Штип кај составот на Астибо со еден гол разлика во драматичен натпревар, 29-30.
Иако гостинките имаа во неколку наврати и предност од три погодоци, сепак на пауза беше нерешено, 16-16.
Астибо во вториот дел успеа да поведе со плус три, 23-20, но серија од пет гола на избраничките на Татјана Бојкова за 23-25.
Домашните не се откажуваа, па по 25-28, успеаја да стигнат до израмннување, 28-28, подоцна беше и 29-29, пред на стартот на последната минута Митрова да го постигне голот вреден три бода на Митрова.
Токму некогашната репрезентативка Драгица Митрова беше најдобар стрелец во победничката екипа со 15 гола, а Марија Анчева постигна 13 погодоци за Астибо.