Десниот бек од Србија, Никола Ивановиќ, кој во сезона 2018/19 настапуваше за тогашниот Еурофарм Работник, од следната сезона ќе го носи дресот на актуелниот шампион од Словачка, Татран Прешов.
Словачкиот клуб преку својата клупска страна ја најави двегодишната соработка со Ивановиќ.
Поранешниот младински репрезентативец на Србија во Татран Прешов ќе пристигне од израелскиот клуб, Ришон Лезион, каде мина краток период откако доби отказ од неговиот матичен клуб, Партизан.
Екс ракометарот на „фармацевтите“ во својата кариера настапуваше и за екипата на Црвена Звезда, како и за унгарскиот суперлигаш, Ференцварош.
Татран Прешов за следната сезона го ангажираше и левиот бек на Татабања и член на репрезентацијата на Унгарија, Урбан Лукаш.