Некогашниот стратег на Пелистер, Ратко Ѓурковиќ, и во следните две сезони ќе остане во српскиот тим Црвена Ѕвезда.
Откако го обезбеди опстанокот со српскиот тим, раководоството се реши да му ја даде довербата и за следните две сезони во кои амбициите ќе бидат поголеми.
„Постигнавме договор на обострано задоволство и ја продолживме соработката на уште две години. Позитивната енергија и атмосфера се пренесе на теренот, направивме добра работа. Имаме долгорочен план, да се вратиме на врвот и да се бориме за титули. Ветувам само работа и работа, посветеност“, изјави Ѓурковиќ.
Покрај во Пелистер, Ѓурковиќ работеше во Ловќен, Борац Бања Лука, Комло и Орошаза од Унгарија, како и Ал Кураин од Кувајт.