Комесарот за натпревари во првенството на Полска донесе одлука по барањето на Висла Плоцк дуелот со Келце да се презакаже. Тој одлучи дека дербито останува на претходно закажаниот термин на 24 мај.
Аргументите на Висла Плоцк за ова барање за презакажување беа дека им е потребен период за подготовка за завршниот турнир во Лигата на Европа на кој ќе играат на 28 и 29 мај и долгите патувања, но одговорот на нивното барање беше негативен.
Претходно со слична барање и образложување до федерацијата се обрати Келце, кој побара да се одложи дуелот заради нивниот настап во Лигата на шампионите на 12 и 18 мај додека дуелот беше закажан за 14 и ова барање беше прифатено.
Висла Плоцк понуди дербито да се игра на 12 јуни, но конечната одлука е дека останува стариот термин за одигрување на клучниот меч со оглед што за овој термин се земени во предвивд условите во кои ќе игра Висла Плоцк.