Ракометарите на Пролет остварија сигурна победа во 8. коло од плеј-аутот во Супер лигата откако на домашен терен го совладаа тимот на Прилеп со 27:24 и со овој триумф остануваат на врвот на табелта.
Прилеп добро го отвори натпреварот и го имаше почетното водство, беше 1:3 а потоа и 6:2. Гостите одржуваа водство сè до завршницата на првиот дел кога Пролет успеа да стигне до израмнување, а така беше и на полувреме 11:11.
Веднаш на почетокот на второто полувремe Пролет ја направи клучната разлика, со два гола на Џонов и еден на Аларов домаќинот водеше 14:11 во 35. минута. Во продолжение предноста растеше и достигна највисоки седум гола во 45. минута кога беше 22:15.
Прилеп влезе во добар период и возврати со серија од пет гола и во 49. минута се доближи на минус два 22:20. До крај на натпреварот Пролет успеа да ја исконтролира играта и да го приведе натпеварот до сигурна победа.
Најефикасни во тимот на Пролет беа Иван Џонов со девет гола и Жарко Пејовиќ кој посигна четири погодоци. Во составот на Прилеп се истакна Марко Трајковски со седум гола, додека по пет постигнаа Давор Шокоски и Реваз Чантурија.
![]() ![]() 27 - 24Крај |
Детали
Датум | Време | Лига | Сезона | Match Day | Крај |
---|---|---|---|---|---|
7 мај 2022 | 00:41 | ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА | 2021/2022 | 05.05.2022 | 60' |
Место
УС „Македонско Сонце“ |
---|
Резултати
Екипа | 1-во полувреме | 2-ро полувреме | Резултат |
---|---|---|---|
ПРОЛЕТ | 11 | 27 | Победа |
ПРИЛЕП | 11 | 24 | Пораз |
ПРОЛЕТ
# | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
---|---|---|---|---|
4 | Михаил Аларов | пивот | 0 | 5 |
5 | Михаил Тотиќ | - | 0 | 1 |
7 | Бојан Манев | централен бек | 0 | 0 |
8 | Дејан Пецаковски | лев бек | 0 | 2 |
11 | Виктор Додевски | десно крило | 0 | 0 |
13 | Мартин Димов | десно крило | 0 | 2 |
15 | Ласко Андоновски | централен бек | 1 | 3 |
16 | Андреј Петковски | голман | 0 | 0 |
18 | Иван Џонов | лев бек | 1 | 9 |
20 | Томислав Димковски | - | 0 | 0 |
21 | Филип Крстевски | - | 1 | 1 |
23 | Ѓорѓе Голубовиќ | десен бек | 0 | 0 |
24 | Јован Фичорски | централен бек | 0 | 0 |
33 | Јане Цветковски | голман | 0 | 0 |
71 | Давор Палевски | лево крило | 0 | 0 |
99 | Жарко Пејовиќ | централен бек | 0 | 4 |
Вкупно | 3 | 27 |
ПРИЛЕП
# | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
---|---|---|---|---|
5 | Лео Дамчевски | - | 0 | 0 |
7 | Хазеин Рустамов | лево крило | 0 | 2 |
9 | Христијан Бикоски | лево крило | 1 | 2 |
10 | Марко Трајковски | пивот | 0 | 7 |
12 | Иван Ангелески | голман | 0 | 0 |
17 | Хари Павлов | десен бек | 0 | 0 |
18 | Давор Шокоски | лев бек | 0 | 5 |
19 | Антонио Бурчевски | пивот | 0 | 0 |
21 | Стефан Лозаноски | - | 0 | 0 |
23 | Реваз Чантурија | десно крило | 1 | 5 |
27 | Марио Гичев | централен бек | 0 | 1 |
28 | Синиша Павлов | десен бек | 0 | 0 |
33 | Стефан Христоски | голман | 0 | 0 |
34 | Мириан Гавашелишвили | лев бек | 0 | 1 |
77 | Зураб Цинцадзе | голман | 0 | 0 |
90 | Даниел Андоновски | лев бек | 1 | 1 |
Вкупно | 3 | 24 |
Officials
Судии: | Делегат: |
---|---|
ЌАЕВ ГЛИГОР ЌАЕВ СПАСКО | НАЧЕВСКИ ДРАГАН |