Ветеранот Кацијанис го напушти Рајн Некар – потпиша со Лубек!

39-годишниот ветеран Николас Кацијанис ќе го напушти Рајн Некар Левен и кариерата ќе ја продолжи во Лубек.

Трансферот на Кацијанис го потврди Лубек на својата официјална страна. Со Лубек Кацијанис потпиша договор до 2024 година, а во клубот пристигнува како замена за Словенецот Аљоша Резар кој ќе се врати во татковината.

Во редовите на Рајн Некар Левен Кацијанис пристигна минатата сезона како замена за Апелгрен и во еден период прикажуваше добри настапи. Во кариерата зад себе има големо искуство и 380 натпревари во Бундеслигата, а покрај Рајн Некар Левен настапуваше уште за Минден, Хановер, Кил и Ерланген.