На состанокот на Извршниот Комитет на ЕХФ, беше најавено дека во иднина на кадетските и младинските Европски првенства ќе играат по 24 репрезентации.
Во моментов во машка и женска конкуренција на континенталните собири има по 16 селекции, но од 2024 година промените би требало да стапат во сила.
Конечната одлука за тоа дали ќе се зголеми бројот на репрезентациите ќе биде донесена на следниот состанок кој ќе се одржи во јуни во Келн.
Дамите во 2023 година ќе играат на ЕП за кадетки и младинки, а момците ова лето ќе имаат шанса да се изборат за елитната конкуренција преку ЕХФ шампионатот во Летонија. Но и да не го направи тоа, во 2024 година би требало да биде дел од ЕП со новите промени.