Карбеска и Илиева ќе им судат на Грос, Лекиќ, Мерк….

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Македонскиот двоец Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе судат во Љубљана на дуелот меѓу некогашниот и актелниот европски првак – Крим против Вајперс Кристијансанд.

Натпреварот меѓу словенечкиот и норвешкиот тим се игра денеска во Љубљана со почеток во 14:00 часот.

Покрај Карбеска и Илиева, активен на терените ќе биде и Драган Начевски, кој ќе биде делегат на дуелот меѓу Ѓер и Брест што ќе се игра следниот викенд во Унгарија.